Филипче: Сериозни пропусти утврдени во документите за работа на бањите

270

Министерството за здравство направи анализа на сите документи за работата на Катлановска бања и три други бањи и беа утврдени сериозни пропусти во документацијата, а регистрирано беше и дека некои процеси се влечкаат веќе десеттина години и дека не се постапувало по нив.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека им укажале на сите бањи што треба да направат во довршување на некоја регистрациска постапка што почнала одамна, а никогаш не завршила.

– Им укажавме на институциите што се занимаваат со лиценцирање на лекарите и сега е се во нивни раце за тоа како ќе постапат понатаму со тие доктори кои на лице место беа најдени дека работат без лиценца. Тоа ќе биде во кооординација со Министерството за здравство – додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Центарот за спортски трауматизам во ГОБ „8 Септември“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...