Филипче: Само вакцинирани деца треба да се примаат во градинка и во училиште

Категорично и енергично ќе стоиме на ставот дека децата во градинка и во училиште треба да се примаат само вакцинирани, бидејќи никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца - рече Филипче

220

Дури 50 отсто од децата родени во 2017 година не се вакцинирани со МРП вакцината. Процентот на невакцинирани деца и понатаму опаѓа и во 2016 година изнесува 30 отсто, а тоа е сериозно висок процент. Категорично и енергично ќе стоиме на ставот дека децата во градинка и во училиште треба да се примаат само вакцинирани, бидејќи никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца и да влијае на сите фактори кои влијаат на јавното здравје. Децата се нашата иднина, а ние сакаме здрави деца.

Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека сериозно високиот процент невакцинирани деца е резултат на силно изразените антивакцинални кампањи.

– Во прво одделение околу 20 отсто од децата не се вакцинирани, што исто така сериозно загрижува поради тоа што примовакцината која се прима прва на најмала возраст е таа која го создава вистинскиот имунитет. Веќе преземавме мерки и во рамки на тоа како сега е структуриран системот, се упатува повик до сите родители чии деца не се вакцинирани, нагласи Филипче, по прес-конференцијата на која потпиша Меморандум за соработка со израелскиот амбасадор Дан Оријан и со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Депотовски, за зајакнување на здравствениот систем.

Министерот Филипче додаде дека мултисекторската група со членови од министерствата за здравство, труд и социјална политика и за образование заседаваше вчера и ќе продолжи до крајот на неделата, за усогласување на сите закони и правилници во врска со тоа прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...