Филипче: Проектираме нова општа болница во Струга

154

Како и изминатите две години продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата, опремата, системот и во вработувањата, пред се на младите во здравството, истакна претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, на трибината „На прав пат“ во Струга.

– Нема потреба младите лекари да размислуваат да заминуваат во странство, тие тука треба да останат да работат, да се надградуваат и да пружаат здравствени услуги за нашиот народ – рече Филипче, и нагласи дека тоа се овозможува со мерката сите доктори што ќе завршат медицински факултет, да добијат платено работно место за 6 месеци, а од идната година тоа ќе се зголеми на цела година.

Тој додаде дека  се дадени над 5 илјади согласности за вработувања во здравствените установи во државата така што нема здравствена институција, каде капацитетот на вработени не е зголемен за најмалку 10 проценти.

Филипче најави дека  започнува проектирање  на нова општа болница на Струга, која ќе се гради на патот за Ќафасан.

Следната недела започнува реконструкција на покривот на централот за дијализа во Струга, кој наскоро треба да добие 5 нови апарати за дијализа, најави Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...