Филипче: Приватните специјализанти од конкурсот 2019 ќе бидат платени од февруари

181

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Клиничката болница во Тетово, каде оствари средба со директорот на установата Фљорин Бесими и со младите здравствени работници. На средбата, тие дискутираа за мерките кои се спроведоа во изминатиот период, а исто така министерот Филипче ги слушна предлозите и пораките од младите за унапредување на здравствениот систем, .информираа од Министерството за здравство

– Младите лица се двигателот во нашето општество. Горд сум што во овие две години го зајакнавме јавното здравство преку вложување во младите здравствени работници. За првпат ги плативме приватните специјализанти. Тие сега земаат средства за својот труд и ги мотивираме за да бидат задоволни од својата работа. Нивните колеги од конкурсот 2019 ќе бидат платени од месец февруари, а согласно барањата на кофинансираните специјализанти пристапуваме кон измена на Законот за здравствена заштита – истакна министерот Филипче и додаде дека за четиригодишниот период 2019-2022, одобрени се 1000 специјализации и супспецијализации.

Со измените во Законот за здравствена заштита, се смени времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршувањето на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и утврдување односно намалување на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата.

Во разговор со младите, министерот Филипче информираше дека од месец февруари специјализантите ќе добијат покачување од 5% за дежурствата, што е дополнителен стимул за нивната работа.

– Од месец февруари, следува зголемување од 5% на дежурствата за специјализантите. Покрај ова, се грижиме и за младите лекари и медицински сестри. Во месец ноември со шест месечна платена работа почнаа 130 млади медицински сестри во Службата за патронажна дејност. Отвораме можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство. А на оние кои работат, правиме се за да им ги подобриме условите за работа – рече министерот Филипче.

На состанокот, присутните изразија благодарност за досегашната грижа од страна на институциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...