– Наша одговорност е да им овозможиме подобар живот и иднина на нашите деца. Стево Пендаровски е вистинскиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија. Пендаровски ќе биде претседател кој ќе обединува и претседател кој вистински ќе се грижи за граѓаните и државата, порача попладнево од општина Чаир членот на Централниот одбор, Венко Филипче.
Филипче со жителите на Чаир разговараше за претстојните претседателски избори, како и за повеќе актуелни теми.
– На 21 април заеднички да ја донесеме правилната одлука со која сите ќе се гордееме. Имаме претседателски кандидат кој во нашата мултиетничка држава ќе ги почитува различностите и ќе го унапредува концептот едно општество за сите. Имаме јасен избор, да продолжиме заедно напред! Да им овозможиме европска држава на нашите млади, за младите да останат тука, истакна Филипче.