Филипче: Од февруари платите за лекарите-специјалисти се зголемуваат за 25 отсто

Тој рече дека заедно со сите други зголемувања од 2018 година досега основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 проценти, а на медицинските сестри меѓу 35 и 38 проценти.

479

Од февруари 2020 години платите на лекарите-специјалисти се зголемуваат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека заедно со сите други зголемувања од 2018 година досега основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 проценти, а на медицинските сестри меѓу 35 и 38 проценти.

– Заедно со зголемувањата на дежурствата, коишто од 2018 година, кога беа зголемувањата се зголемија за работен ден за двојно, а за недела и празник за трипати, сега платата на лекар-специјалист во Клиничкиот центар, на хируршките и на интерните клиники ќе достигне, а кај на некој и ќе надмине, 100.000 денари – нагласи Филипче.

На новинарско прашање околу случувањата во ОХИС и штетноста на излеаната материја, министерот за здравство посочи дека доколку се помине во близина кадешто е ослободена материјата може да предизвика надрзба на очите и надразба на кожата. Еден пациент бил прегледан во клиниката, му била дадена соодветна терапија и бил пуштен на домашно лекување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...