Филипче: Ние сме демократи и ја почитуваме јавноста, па затоа ретериравме

1147

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека по реакциите во јавноста за одлуката државата да плаќа операции за промена на полот ретерирале.

– Гледајќи од призмата на вчерашната конференција за ЛГБТ, имаше многу реакции во јавноста и тоа беше причина зошто на некој начин ретериравме. Меѓутоа сакам да објаснам дека не станува за голем број пациенти, туку само за еден човек, кој со години талка низ лавиринтите барајќи помош од повеќе специјалности. Станува збор за комплексен проблем, не е работа која може да се реши за ден. Многу сериозни земји го разгледуваат овој проблем, приоѓаат кон градење на стратегија оти тоа е навистина медицински проблем. Но, ќе потенцирам дека навистина имаше големи реакции во јавноста, ние сме демократи, ги прифаќаме, сметаме дека е легитимно да ретерираме и тоа беше причината – објасни Филипче.

Тој објасни и за соработката со српскиот хирург која исто така наиде на критики.

– Станува збор за соработка со врвен експерт од Србија кој што работи во многу земји во светот и е експерт во областа на детската урологија. Има еден стручен аспект, голем број на деца ги праќавме да се лекуваат во странство кај него и за тоа плаќавме огромни суми на пари. Ние направивме договор со Клиниката за детската хирургија и овој професор од Србија, стана вонреден професор на нашиот медицински факултет. Се со цел тие децата да не се праќаат во странство, туку тој да работи кај нас, да работи со нашите лекари и тие ја ја надоградуваат својата експертиза но и пациентите да останат тука во кај нас. Впрочем тоа го правиме и во другите специјалности, кардиохирургијата така функционира, сега очекуваме да дојде експерт од Германија за детска трансплантација од обаста на хематологијата – додаде Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...