Министерот за здравство Венко Филипче заедно со членовите на Националната комисија за дијабетес денеска се сретна со претставници на здруженијата на дијабетичари.
– Посветени сме на унапредување на достапноста на третманот и воведување иновативна терапија оваа година. Овие заложби беа поздравени од претставниците на здруженијата кои континуирано се залагаат за подобрување на состојбата со дијабетот – истакнал Филипче на средбата.
Од Министерството за здравство информираа дека Филипче ја поздравил годинешната соработка меѓу присутните и ја посочил како важен чекор за подобрување на здравствената состојба на дијабетичарите.