Филипче: Најдоцна до почетокот на идната недела ќе се распише тендерот за биолошка терапија

90

Тендерот за биолошка терапија ќе биде распишан најдоцна до почетокот на идната недела. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Постапката за распишување тендер е во фаза на крајно дефинирање на количествата и буџетите во самите клиники – додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по обраќањето на Националниот форум за здравство насловен „За поздрав живот: патот до квалитетна и ефикасна примарна здравствена заштита во Република Македонија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...