Министерот за здравство Филипче истакна дека Министерството за здравство од претходната власт наследило долг во висина од 60 милиони евра само по основ на долгови кон домашни добавувачи и кон јавните здравствени установи.
-Наместо тие пари да бидат вложени во квалитетно здравство, актуелната влада и Министерството за здравство мораа да ги вратат долговите за да заштедат од каматите кои се закануваа да го зголемат долгот. Опремата што ја набави претходната влада и претходното раководство на Министерството за здравство, во голем дел е сè уште неотпакувана и со изминат гарантен рок бидејќи нема каде да се смести – истакна министерот Филипче.
Тој додаде дека тоа не е домаќинско работење, кога објектите во здравствениот систем се распаѓаат. Новите програми и мерки на актуелното министерство стартуваа и веќе се во реализација реконструкција на повеќе објекти низ земјата.
Министерот за здравство истакна дека новите политики во здравството нема да отстапат од ослободување на партиципацијата и таа ќе се остварува во етапи до конечно ослободување на обврската за партиципација за болничко лекување.