Филипче: Мора да се избориме со стигмата за децата со дијабетес

Сведоци сме дека дел од овие деца имаат пречки да бидат дел од предучилишниот процес во градинките, поради стравот на кадарот. За жал, стигматизирање има и во училиштата се разбира неоправдано, рече Филипче.

102

Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетес и воведовме три нови типови на инсулин, еден од нив наменет за децатана, рече министерот за здравство Венко Филипче, денеска на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“.

– Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови – рече Филипче.

Тој подвлече дека еден од новите три вида инсулин е Тресибата.

Филипќе рече и дека сега се ангажирраат да обезбедат сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта.

– За почеток потребни се околу 500 вакви сензори, за да можат да се покријат месечните потреби на децата. Со набавката на овие сензорни мерачи ќе им олесниме и на бремените жени кои имаат гестациски дијабетес – појасни тој.

Министерот апелираше да се обрне внимание да се надмине состојбата на стигматизирање на децата со дијабет.

– Сведоци сме дека дел од овие деца имаат пречки да бидат дел од предучилишниот процес во градинките, поради стравот на кадарот. За жал, стигматизирање има и во училиштата се разбира неоправдано. Дијабетисот не е заболување тоа е состојба, која ние се трудиме да ја олесниме и ги охрабруваме и децата и родителите сосема храбро да чекорат низ животот и со дијабетес – рече Филипче.

Во Македонија има регистрирани 500 дечиња помлади од 14 години кои имаат дијабетес и секојдневно примаат инсулинска терапија.
Моментално во светот има повеќе од 425 милиони лица кои имаат дијабетес, а се предвидува дека до крајот до крајот на 2030 година, бројот на лица со дијабетес ќе изнесува барем двојно повеќе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...