Мислам дека можеме многу лесно да се соочиме со прв случај на заразен од коронавирусот, но сметам дека сме целосно подготвени веднаш да одговориме на состојбата, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите.
Тој вели дека самиот е во секојдневен контакт со министрите за здравство во земјите од регионот каде што веќе има потврдени случаи на заразени со опасниот вирус. Mинистерот додаде дека утре во Скопје ќе пристигне регионалниот директор на СЗО за Европа.
Филипче истакна дека денеска биле дистрибуирани дел од заштитните маски во трите изолациски центри во болниците во Штип, Велес и во Гостивар, како и на Детската клиника и на граничните премини. Тој тврди дека земјава располага со доволно заштитна опрема, над 40.000 маски и скафандери, а додаде дека Министерството за здравство наскоро ќе сними видео-спот со препораки за заштитни мерки.