Филипче: Креираме фер општество за сите млади лекари да ги вклучиме на пазарот на трудот

82

Фокусот на Министерство за здравство по завршување на проценките од скенирањето на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, ќе биде кон инвестирање во човечки капитал, но и во капитални инвестиции, како изградба на нови болници, подобрување на инфраструктурата и набавка на нова опрема, истакна министерот за здравство Венко Филипче во Љубљана.

Тој на конференцијата за јакнење на капацитетите на министерствата за проценка на фискалнoто вилјание врз структурните реформи, што се одржа денеска во Љубљана, го презентираше новиот проект за младите лекари кои ќе добијат шанса да се ангажираат во системот на јавното здравство.

– Секој лекар што ќе го заврши лекарскиот стаж и ќе добие лиценца за работа, ќе има можност да се вклучи во системот на здравствените домови, да биде платен за својот труд и ќе почне да стекнува искуство во брзата помош, вакциналните пунктови и во системот на патронажна нега, рече Филипче.

Истакна дека Министерството за здравство посветено работи со цел да креира фер општество за сите млади луѓе да бидат вклучени на пазарот бна трудот, а со тоа и да останат во земјата.

– Квалитетот на фискалниот дијалог помеѓу Министерството за финансии и Министерството за здравство е подобрен во изминатите две години. Особено добрата соработка со Министерството за финансии е очигледна и изразена политичка волја за структурни реформи и среднорочно фискално програмирање. За помалку од две години имаме околу 3.000 нови вработувања во здравствениот сектор. Исто така, буџетот на Министерството за здравство расте во однос на вкупниот буџет на земјата, посочи Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...