Филипче импресиониран од архитектите за новата градска болница кај Мајчин дом

1288

Предлог решенијата од архитектите за новата градска болница која треба да никне кај Мајчин дом во Аеродром се пристигнати и веќе е направена ранг листа на најдобрите.

Министерот за здравство, Венко Филипче, напиша дека е импресиониран од идејните решенија.

„Денеска ги видов трудовите и мислењето на Стручната Комисија за конкурсот за идејното решение за новата градска болница. Утврдена е ранг листата на најдобрите архитектонски решенија. Импресиониран сум од предложените решенија на македонски автори – архитекти, како и од високото ниво на проектираното. Очекувам наскоро сите трудови да бидат презентирани на јавноста“, напиша Филипче на Фејсбук.

Станува збор за идејата за преселба на Болницата за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, која се наоѓа во центарот на градот. Целта е да со уште една градска болница да се растерети гужвата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...