Филипче: Изворот на жолтицата не е во школите, донесена е од надвор

Досега се регистрирани вкупно 62 случаи на заразна жолтица.

441

Досега се регистрирани вкупно 62 случаи на заразна жолтица, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Имаше повеќе работни средби од страна на експерти од Институтот за јавно здравје и најбитно е тоа што нема епидемиолошка поврзаност на случаите, туку сите тие се поединечни и во повеќе школи, што значи дека не е изворот во школите, туку жолтицата е донесена од надвор. Будно се прати сиутацијата. Морам да апелирам и да соопштам дека заразната жолтица е болест на нечисти раце. Апелирам до децата, задолжително да ги мијат рацете, поради тоа што тоа е начинот на кој што оваа болест се спречува, односно не се појавува – изјави Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска присуствуваше на отворањето на четвртото Роса школо за родителство во Здравствениот дом во Струмица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...