Филипче ги посети повредените, седуммина во критична состојба

255

Министерот за здравство Венко Филипче изутринава ги посети повредените пациенти во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.

Од Министерството за здравство соопштија дека четворица од повредените пациенти во Градската општа болница „8 Септември“ и тројца повредени пациенти во Ургентниот центар сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

– Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден, информираат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...