Филипче ги збуни сите: Пу, пу не важи – нема промена на полот на државна сметка

2602

Министерството за здравство доцна вечерва испрати соопштение во кое тврди дека  „оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа“.

Ова соопштение дојде по лавината реакции во јавноста, а само неколку часа откако министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега. А на Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.

Која е вистината и дали станува збор за промена на ставот по притисокот на јавноста, или пак за некакво недоразбирање останува да дознаеме повеќе детали утре од надлежните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...