Филипче вети бесплатни прегледи за малиот Милош

736

По сторијата на телевизија 24 за малиот Милош кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема пари ниту да направи контроли по извршената операција во Бугарија, реагираше лично министерот Венко Филипче.

Тој најави дека во понеделник на Милош ќе му бидат направени прегледи, бидејќи деветгодишното дете е родено со срцева маана. Откако Милош е опериран пред девет години не направил никаков преглед, бидејќи неговите родители немаат пари.
Семејството живее во тешка сиромаштија и бара помош од институциите.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...