Филипче: Легитимни се тендерите во хематологија и онкологија

Досега немаше некоја недоследност во работата ниту на Клиниката за хематологија, ниту на Клиниката за онкологија за којашто излегоа двете постапки, рече Филипче.

130

Тендерите на клиниките за хематологија и за онкологија се легитимни, а Министерството нема врска со набавките на овие клиники, вели министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Канал 5 .

– Како министер и Министерство за здравство немаме ингеренции да учествуваме во било каков процес на набавка на било која од јавните здравствени установи. Тоа е одговорност на менаџерот, на директорот, тоа е одговорност на целокупниот менаџерски тим на самата Клиника или било која друга јавна здравствена установа – рече Филипче.

Тој појасни дека буџетите за тендерите се големи заради тоа што се скапи лековите, бидејќи се лекуваат пациенти кои страдаат од многу тешки болести.

Министерот за финасии изјави дека се побарани документите по објавувањето на постапките во јавноста.

-Ги побаравме сите документи од антикорупциската комисија, се консултиравме и со луѓе од други институции, како Финансова полиција, така што ќе ги преземеме доколку е потребно, сите мерки коишто се во наша надлежност. Досега немаше некоја недоследност во работата ниту на Клиниката за хематологија, ниту на Клиниката за онкологија за којашто излегоа двете постапки – вели Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...