Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов денеска на прес конференција најави дека ќе се кандидира за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ.
– Ќе делувам според принципот дека сме едно општество. Сите сакаат да живеат во мир и безбедност, со здрав и чист воздух, квалитетно образование, добро здравство – рече Филипов на прес конференцијата.
Тој додаде дека ќе биде добар консензуален претседател, но рече дека тоа не е јасно дефиниран термин, а би требало да значи поддршка од 75 проценти од населението.
Филипов беше амбасадор во Германија од 2005 до 2010 и во Австрија од 2010 до 2014 година.