Филаделфија со Тобајас Харис продолжува да гради силен тим

53

Филаделфија продолжи со граењето на многу силен тим, откако вчера го привлече Тобајас Харис, а притоа не мораше да се откаже од ништо важно. Во размената со Клиперс, заедно со одличниот Харис во 76-ерс пристигнаа Бобан Марјановиќ и Мајк Скот, а во спротивна насока отиде Вилсон Чендлер, Мајк Мускало и Ландри Шамет и два избора од првиот круг на Драфтот во 2020 и 2021 година.

Со доаѓањето на Харис, акциите на Филаделфија на Истокот растат, но останува да се види како во текот на летото ќе се преговара за неговиот договор и за оној на Џими Батлер.

Харис оваа сезона во просек уфрла по 20,7 поени и беше прво име на Клиперс.

Ноќеска тргуваа и Лејкерс, но не со Пеликанс, откако преговорите за Ентони Дејвис засега се стопирани. Тие направија договор со Детроит Пистонс откако го зедоа Реџи Булок, кој во просек уфрла по 12 поени по натпревар оваа сезона, а се откажа од Свјатослав Михаилук од Украина и избор во вториот круг од Драфтот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...