Фејсбук му објави војна на коронавирусот

137
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Компанијата Фејсбук бесплатно ќе објавува реклами на Светската здравствена организација (СЗО), најави денеска основачот и сопственик на компанијата, Марк Закерберг.

– Ќе и дадеме на СЗО рекламен простор колку што и е потребен, заедно со друга корисна поддршка – истакна Закерберг.

На корисниците кои ќе пребаруваат постови за вирусот ќе им излегуваат поп-ап информации кои ќе ги водат до сајтот на СЗО или локалните здравствени организации со најнови вести и совети, нагласи основачот на Фејсбук, додавајќи дека ќе бидат отстранети сите содржини со лажни вести и теории на заговор, со цел да се спречи ширењето на дезинформации.

Фејсбук ќе работи со светски здравствени експерти и ќе им дава поддршка на други организации.

ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...