Одговорните лица кои го одржуваат Фејсбук чист од насилство, предрасуди и сексуални пораки, кажаа за тоа како поминуваат нивните работни деноци.
Деведесет осто од пораките кои ги прегледувале имаат сексуална содржина, пренесува „Метро“.
Работник во Берлин морал да зборува анонимно бидејќи потпишал договор за необјавување на информации со Фејсбук.
– Имаме богати бели мажи од Европа и од САД, кои им пишуваат на деца од Филипините. Се обидуваат да допрат до сексуални фотографии, а за возврат даваат 10 или 20 долари – вели тој.
Наводно, во 2018 година човек починал на работното биро од срцев удар, откако работејќи за Фејсбук, наишол на фотографии од злоставување на дете во САД.