Фејсбук им забрани пристап на четири вооружени групи од Мјанмар

65

Фејсбук денеска им забрани на четири вооружени групи од Мјанмар, да ја користат платформата за социјални медиуми, нарекувајќи ги „опасни организации“.

Четирите групи – Араканската армија, Армијата на Националната демократска алијанса на Мјанмар, Армијата за независност на Качин и Националната ослободителна армија на Таанг – се дел од воената коалиција позната како Северна алијанса, која се бореше против армијата на Мјанмар од нејзиното формирање во 2016 година.

– Овие вооружени групи сега се забранети на Фејсбук, а сите слични пофалби, поддршка и презентации ќе бидат отстранети веднаш штом ќе дознаеме за нив – стои во соопштението на Фејсбук.

Повеќе од десетина етнички милиции дејствуваат низ Мјанмар, од кои многумина се во војна со Владата откако доби независност од Велика Британија во 1948 година, со барања кои се движат од автономија на природни ресурси до отцепување.

Социјалната мрежа соопшти дека нејзината одлука е дел од напорите за „намалување на веројатноста Фејсбук да се користи за да се олесни офлајн штетата“.

Напорите почнаа во август 2018 година со отстранување на неколку страници и профили поврзани со војската, по неколкумесечни јавни критики за употребата на платформата за поттикнување на омраза кон муслиманите Рохинџи.

Истиот месец, истражители на ОН побараа воените лидери на Мјанмар да бидат обвинети за геноцид против Рохинџите, од кои повеќе од 800.000 од 2016 година се раселени во Бангладеш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...