Фејсбук забрани профили на влијателни лица кои шират омраза

169
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Американската компанија Фејсбук трајно укина профили на својата мрежа и на Инстаграм на неколку екстремни личности и организации со ултрадесничарски ставови, јави ДПА.

Меѓу луѓето што се забранети на Фејсбук и Инстаграм се конспиративниот теоретичар Алекс Џоунс, основач на сајтот „ИнфоВорс“ (Infowars), лидерот на организацијата „Нација на исламот“ Луис Фарахан, познат по неговите антисемитски и хомофобични ставови, и ултрадесничарскиот коментатор Мајло Јанопулос. Џонс и ИнфоВорс беа забранети на Фејсбук во август, но до сега останаа на Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.

Во пишана изјава до ДПА Фејсбук информира дека поединците и групите се забранети во рамките на политиката на компанијата против „опасни поединци и организации“.

– Отсекогаш сме забранувале поединци или организации кои промовираат или поттикнуваат насилство и омраза, без оглед на нивната идеологија – се додава во изјавата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...