На олтарот на жупаниската црква „Свети крст“ во Водици, Хрватска, поставен е крст со крвави модели на фетус.
Во крстот се врежани пет дупки во облик на срце, а во секое срце се поставени крвави кукли кои претставуваат фетуси, продупчени со шајка, а покрај крстот е поставено знамето на Хрватска.
Фотографијата многу брзо се рашири по социјалните мрежи и на неа се гледа дека на врвот на крстот пишува реченица од Книгата на настанокот – „Нивната крв вика кон мене од земјата“.
Жупанот на црквата Фрањо Гласновиќ одби да ги коментира „крвавите фетуси“ со образложение дека е „време на пост“.