Oбвинителката Фатиме Фетаи во интервју на ТВ 1 вечерва рече дека е свесна оти перцепцијата за Специјалното јавно обвинителство е нарушена.
– Се враќаме на едно разочарувачко празно чаршиско муабетење дека „од ова ништо нема да биде“. Верувам дека ќе дојде време СЈО ќе застане на пиедесталот – изјави таа.
Таа кажа дека тие сами не можат да ја донесат правдата во Македонија, дека се обраќаат до институции од каде им требаат информации.
– Морам да признам дека СЈО, како институција, не е безгрешна, но она што беше главна задача за која граѓаните ни дадоа доверба, јас сметам дека сѐ уште успешно ја извршуваме. Можеби најголем дефект е што немаме правосилни пресуди, но таа околност не зависи од СЈО- додаде Фетаи.