Обвинетата Гордана Јанкулоска, како што и очекувавме, од ваша страна беше огласена за виновна. Спрема обвинетата во случајот Титаник веќе се определени мерки на претпазливост како одземање на пасош пријавување во судот на определено време, рече обвинителката Фатиме Фетаи барајќи од судот на екс министерката да и се изрече дополнителна мерка на претпазливост- забрана за напуштање на живеалиштето.
Куќен наместо затворски притвор – рече Фетаи, бараат поради нејзиното бебе кое не е виновно за ништо.
Обвинетата, рекоа тие, уште на самиот почеток знаеше каква е казната за ова дело. Таа знае и какви казни и се закануваат во деуфите случаи, но досега уредно ги почитувала сите мерки.
Судот за половина час ќе ја соопшти одлуката дали Јанкулоска ќе оди во куќен притвор.