Фетаи најави нови докази за „Монструм“, родителите не можеа да ги сопрат солзите

3811
20160328 Monday specijalno javno obvinitelstvo katica janeva fatime fetai

Во Кривичниот суд во Скопје започна главната расправа за случајот „Монструм“ кој го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Судењето ќе се води по стариот Закон за кривична постапка од 1997 година бидејќи тој беше на сила кога се водеше првата кривична постапка. Затоа како основа, нагласи Фатиме Фетаи, мора да се земе предвид првичниот обвинителен акт.

Фетаи и нејзиниот колега од СЈО Гаврил Бубевски го читаа старото обвинение во кое на обвинетите им се става на товар делото тероризам. Фетаи најави дека покрај старите докази кои беа изведувани на претходниот судски процес, во новиот процес ќе се изведат и нови докази кои ги прибавило СЈО со што ќе се направи измена во обвинителниот акт од фактичка и персонална природа.

Додека се читаше обвинението, како било договарано и како се извршило убиството, каде биле застрелани жртвите, во судница родителите не можеа да ги задржат солзите, се слушаше нивниот плач и крик од последната редица столици во судницата.

По читањето на обвинението, рочиштето продолжи со испитување на обвинетите.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута. На Алил Демири и Африм Исмаиловиќ им се суди во отсуство оти се недостапни за органите на прогонот.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, судењето го врати на почеток, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот сѐ уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...