Обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски кој доби затворска казна од девет години. Таа рече дека тој е обвинет и во друг предмет и ако се земе предвид и дека двајца други обвинети од СЈО кога се соочија со обвинение, Горан Грујевски и Никола Бошковски, избегале во Грција и сега се недостапни за органите на прогонот.
Притворот таа го бара додека пресудата да стане правосилна.
– Сметам дека ниту еден основ не постои во моментов и покрај изречената прдвисока казна затвор. Имено обвинетиот и досега свесен за кривичните дела и за казна уредно се јавуваше на судења и ги извршуваше обврските околу пријавување во судот – рече адвокатот на Поповски, Старио Зиков.
Поповски рече дека нема причина за бегство, тука има син кој се школува во земјава, има стара и неподвижно мајка што се дополнителнинпричини за тој да не избега.