Фетаи: Алими и Гури имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на чаирчани

543
20160328 Monday specijalno javno obvinitelstvo katica janeva fatime fetai

Со воведното излагање на специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи денеска во Кривичниот суд Скопје почна судењето во предметот „Титаник 3“, во кој на обвинителната клупа се наоѓаат Ејуп Алими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“ .

-Двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат. Тие имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ -истакна обвинителката Фетаи на почетокот од воведните зборови.

Двајцата, според неа, извршиле брутално насилство врз изборните бројки,согласно сопствените политички потреби. Незадоволни од вистинскиот изборен резултат тие формирале група за дејствување, односно имале цел генерираат поволен изборен резултат. Со закана успеале да го скршат отпорот на сведоците и ги приклучиле кон себе. Групата ја обезбедиле според позната изрека за стапот и морковот, односно ги уцениле со зборовите „доколку не го сториш ова нема да поминеш добро. Имаме договор со ВМРО, ништо нема да ви се случи“.

Претходно денеска дојде до промени во судечкиот совет, па на местото на судијата Гордана Спировска, која заради здравствени проблеми на сопругот пред неколку дена итно го напушти судењето, сега е кооптирана судијката Љубинка Башевска. Предметот „Титаник 3“ и натаму ќе го води судијката Оља Ристова.

Судот, исто така, пред стартот на воведните зборови, го одби барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што беше побарано на рчиоштето од пред три дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...