Фестивал за незаборав на Тоше Проески

310

„Еврофест 2018“ годинава ќе има нова димензија – чествување за незаборав на Тошe. Фестивалот ќе има две вечери, и тоа на 28 и 29 септември, а ќе се одржи во Крушево и во Скопјe.

Во Крушево годинава за првпат ќе се одржи 22-то издание на Меѓународниот музички фестивал „Еврофест“, кој ќе биде во чест на македонската поп-икона Тоше Проески.
Втората вечер ќе биде во Скопје (сабота, 29 септември) во Домот на АРМ, кога ќе биде одржана вечерта „Хит мелодии“.

На концертот ќе настапат повеќе звучни музички имиња, а е предвидено и положување цвеќе на гробот на Тоше Проески и засадување неколку дрвја во околината на манастирот „Св. Преображение“, едно од омилените места на Тоше во Крушево.

Фестивалот е закажан за в петок, од 17:30 часот, во Амфитеаторот во Крушево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...