Фудбалерот на Манчестер Сити, Фернандињо, побарал да не биде повикуван во бразилската репрезентација поради заканите што му се случиле него и на неговото семејство по Светското првенство.
Фернандињо ова му го кажал на селекторот Тите.
– По Светското првенство, сакав да го повикам Фернандињо во националниот тим. Тој е одличен играч. Јас лично разговарав со него. Бразил е горд што може да смета на играч со вакви лични и професионални квалитети. Се надевам дека ситуацијата ќе се смени. Подготвен сум да му помогнам колку што е потребно – изјави Тите.
За потсетување, Фернандињо постигна автогол во четвртфиналето на Светското првенство против Белгија (1:2) и поради тоа доби смртни закани од некои бразилски фанови.
ФОТО: EPA / WALLACE WOON