Ферари со шампионски амбиции во новата сезона

84

Извршниот директор на Ферари, Луис Камилери, ја дефинираше задачата на тимот за претстојното првенство.

– Минатата година Ферари ја имаше својата најдобра сезона сметано од времето на последната победа во Ф1 шампионатот. Целта за сезоната 2019 е очигледна, да ја освоиме титулата. Ќе го зголемиме буџетот на тимот за поддршка на овие амбиции, најави Камилери.

Минатата година буџетот на тимот на „црвеното коњче“ изнесуваше 430 милиони евра.

Останува да видиме дали ќе се остварат најавите на Ферари за симнување од тронот на тимот на Мерцедес кој минатата сезона предводен од Луис Хамилтон беше доминантен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...