Ферари се откажа од официјална жалба по повод казната од 5 секунди на пилотот Себастијан Фетел за време на Гран При на Канада (7-ма трка од шампионатот во Формула 1).
Казната дојде откако германскиот пилот го затвори Луис Хамилтон во 48-от круг на трката и соодветно беше казнет бидејќи стјуардите мислеа дека се вратил небезбедно на патеката во четвртиот завој. И покрај тоа што заврши на првата позиција, Фетел на крајот беше симнат на второ место, а победата отиде кај Хамилтон.
Првично Ферари беше исклучително незадоволен од одлуката и ја информираше ФИА дека ќе поднесе жалба на казната, но на крајот тоа нема да го направат.