Хрватската новинарка Ива Анзуловиќ денеска истурила кофа полна со фекалии пред влезот на хрватската Влада во Загреб. Според „Вечерњи лист“, ова е втор пат новинарката да го стори тоа, а причината е несериозноста во борбата против корупцијата во Хрватска.
…..😎😎😎….. pic.twitter.com/Etg13FvW5a
— arin ™️ (@nockarin) August 21, 2018
– Ќе ги поливам со измет сите за кои аргументирано, според новинарски текстови, се знае дека се криминалци. Од денеска ниту еден докажан криминалец нема да се чувствува безбедно било каде во јавноста, и ниту една институција нема да знае кога ќе ја гаѓам со фекалии – напиша Анзуловиќ на нејзината Фејсбук страница.
За време на протестот таа носела маица со ликот на новинарот Синиша Главашевиќ, убиен за време на српската опсада на Вуковар.
ФОТО: Видео
Bacila izmet zbog izgubljene arbitraže u slučaju Gavrilović. Novinarka Iva Anzulović odvedena u policijsku postaju. @DNEVNIKhr @novahr pic.twitter.com/TbQYjWagAD
— SABINA TANDARA KNEZOVIĆ (@SABINATK) August 21, 2018