Македонската женска тениска репрезентација ја забележа првата победа со конечни 2:1 во групните натпревари од Третата Евро-африканска зона во ФЕД-купот.
Марија Еленова ја победи Софија Јонасдотир со 6:2, 6:1, а Катарина Маринковиќ беше поуспешна од Ана Софија Гронхолм со 6:4, 6:2.
Во двојки, меѓу истите тенисерки, репрезентативките на Исланд беа поуспешни со 2:0 во сетови (7:6, 6:4) но поразот на значеше ништо за конечниот резултат од дуелот.
Нашите најдобри тенисерки утре играат со репрезентацијата на Литванија, која е апсолутен фаворит во групата.