Федерер: Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Австралија Опен

138

По освојувањето на титулата во „Хопман купот“, Роџер Федерер изјави дека Новак Ѓоковиќ е фаворит за освојување на првиот Гренд-слем турнир за оваа година – Австралија опен.

Федерер и Бенчиќ се радуваа на титулата вчера против тимот на Германија, додека Ѓоковиќ ден претходно беше поразен во полуфиналето на турнирот во Доха.

Отвореното првенство на Австралија во тенис е на програма од 14-27. јануари, а покрај Маестро, главните фаворити за победа, како и секогаш, се Ѓоковиќ и Надал.

– Тој е (Ѓоковиќ) фаворит, без сомнение. Без разлика на она што се случи во Доха, тој имаше неверојатно добри пет или шест месеци од минатата година. Се мачеше на почетокот, но тој покажа класа и штом Новак влезе во форма, многу е тешко да биде победен – изјави Федерер.

Швајцарецот на листата на фаворити за АО 2019 го додаде и шпанскиот ас, Рафаел Надал.

– Луѓето секогаш се сомневаат, често се прашуваа дали тој некогаш ќе се врати. Но тој не заборавил да удира тениско топче. Така е и со Рафа. Кога е на 100 отсто, знаеме колку е тешко е да се победи. Штом двајцата се на 100 отсто – тие се фаворити, додаде Роџер Федерер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...