Четирикратниот финалист Роџер Федерер го надмина третиот круг на турнирот од сериите „Мастерс“ на земјени терени во Рим со награден фонд од 5,21 милиони евра, откако спаси два меч топки и го победи со 2:6, 6:4, 7:6 (7) Хрватот Борна Чориќ.
Федерер играше тајбрејк за победата против Чориќ, кој поведе со 6:4 и имаше можност да го затвори натпреварот на свој сервис, но Федерер направи два мини-брејка и конечно доби меч-топка при 8:7. Швајцарецот ја искористи и се квалификуваше за третиот круг.
Лидерот на светската АТП листа, Новак Ѓоковиќ пак постигна лесна победа со 6:3, 6:0 над Филип Колшрајбер и се пласираше по 13-ти пат во четвртфиналето на турнирот од сериите „Мастерс“ во Рим.
Четирикратниот шампион во италијанската престолнина имаше потреба од час, за да го скрши отпорот на германскиот ветеран.
Претходно денеска Ѓоковиќ го елиминираше и Денис Шаповалов, а против Колшрајбер беше исто толку убедлив и веќе има 10 победи во 12-те средби со него.
Во следниот круг, Ѓоковиќ ќе се соочи со Мартин дел Потро.
Фото: EPA/ETTORE FERRARI