Федерер се повлече од четвртфиналето во Рим

253
ФОТО: EPA-EFE /JASON SZENES

Носителот на 20 Гренд слем титули, Роџер Федерер, се откажа од учество во четвртфиналето на тенискиот турнир во Рим.

Маестро требаше да излезе на теренот против Стефанос Циципас, но повредата во десната нога го спречи. Така, Гркот се рангира без игра во полуфиналето и ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Фернандо Вердаско.

– Јас сум разочаран што денес нема да можам да играм. Рим отсекогаш бил мој омилен град за посета и се надевам дека ќе се вратам следната година – се вели во официјалното соопштение на Федерер.

По втор пат оваа сезона, поради напуштањето на еден од тенисерите, навивачите се лишени од можноста да го гледаат шоуто Федерер – Надал. Во Индијан Велс непосредно пред натпреварот меѓу нив поради повреда се повлече Шпанецот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...