Федерер се пласираше во полуфиналето во Штутгарт

Федерер во четвртфиналето го совлада аргентинскиот тенисер Гвидо Пелја со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).

143

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 250 кој се одржува во Штутгарт.

Федерер во четвртфиналето го совлада аргентинскиот тенисер Гвидо Пелја со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).

Швајцарскиот тенисер до вториот триумф по пауза од повеќе од два месеци стигна за време од еден час и седум минути игра.

Претходно, тој ја пропушти целата сезона на земјена подлога.

Федерер повторно се наоѓа во позиција да се врати на првото место на АТП листата, на чиј врв во моментот е шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

За да се врати на првата позиција тој ќе мора да победи и во полуфиналето.

Фото: EPA/MIKE-NELSON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...