Федерер се врати со победа во Штутгарт

105
ФОТО: EPA/KOEN SUYK 

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот од серијата 250 кој се одржува во Штутгарт.

Федерер по пауза од повеќе од два месеци имаше успешно враќање на терените, совладувајќи го германскиот тенисер Миша Зверев со 2:1 во сетови.

Швајцарскиот тенисер ја пропушти целата сезона на земјена подлога, па на овој прв натпревар му требаше извесно време да се врати во ритам.

Зверев го доби првиот сет со 3:6, но Федерер не дозволи изненадување и вториот сет го реши во своја корист со 6:4. Во последниот одлучувачки сет, швајцарскиот тенисер влезе во ритам и го доби со 6:2, обезбедувајќи победа.

Федерер за пласман во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Гвидо Пеља од Аргентина и Прајнеш Гунерсван од Индија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...