Третиот светски рекет, Роџер Федерер, по добротворниот натпревар во Јужна Африка, во кој го победи Рафаел Надал, зборуваше за неговата врска со Шпанецот.
– Можеме да бидеме пријатели и ривали. Денес тој ми рече дека плачел кога ја освоив „Ролан Гарос“ во 2009 година. Тој бил толку среќен за мене – изјави Федерер.
Швајцарецот додаде дека Надал игра и го популаризира тенисот извонредно.
– Има голем придонес за популаризација на овој спорт. Надал има многу обожаватели и ја заслужува оваа слава – потенцира Федерер.