Швајцарскиот тенисер Роже Федерер смета дека не е меѓу фаворитите за трофејот од Ју-Ес опен, а како најсериозни претенденти за освојување на последниот Гренд слем во сезоната ги посочи Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
– Ќе биде интересно на Ју-Ес опен, но не се гледам себеси како фаворит. Во овој момент фаворити се Надал и Ѓоковиќ. Ќе работам напорно и целата енергија ќе ја насочам кон теренот, но ќе ми биде потребна и малку среќа. Би било убаво да остварам добар резултат по десет години. Но, прво мораме да ја видиме ждрепката – истакна Федерер кој последен пат во Њујорк славеше во 2008 година.
Последните четири големи турнири сезонава ги освоија Надал и Ѓоковиќ. Шпанскиот тенисер триумфираше на Ролан Гарос и во Торонто, додека Ѓоковиќ ги освои Вимблдон и Синсинати.
Федерер ги пропушти турнирите, кои ги освои Надал, додека со Ѓоковиќ се соочи во финалето на турнирот во Синсиснати, каде претрпе пораз.
Ју-Ес опен почнува на 27 август, а титулата ја брани Надал.