Федерер казнет со 3.000 долари, го пцуел судијата на Австралија опен

Федерер на крајот го доби мечот спасувајќи седум меч топки и се пласира во полуфиналето.

388
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е парично казнет со 3.000 долари поради пцуење на судија. Дваесеткратниот шампион на Грен слем турнирите, казната ја доби за вулгарните зборови упатени кон линиски судија во вчерашното четвртфинале на Австралија опен против Тенис Сандгрен.

Федерер на крајот го доби мечот спасувајќи седум меч топки и се пласира во полуфиналето.

Според Светската тениска асоцијација (ИТФ), ова е само втора казна што Швајцарецот ја доби на Гренд слемовите. Првиот беше за финалето на УС Опен во 2009 година, исто така поради вулгарен речник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...