Федерер го потврди учеството во Шангај

Швајцарскиот маестро ќе брка трет трофеј од турнирот.

110

Носителот на 20 Гренд-слем титули, Роџер Федерер го потврди своето учество на „Мастерс“ турнирот во Шангај, кој ќе се одржи од 7-ми до 14-ти октомври.

Швајцарскиот маестро ќе брка трет трофеј од турнирот, откако во 2014-та го порази Жил Симон, а лани се справи со Рафаел Надал и затоа ќе треба да брани од 1.000 поени.

Федерер ги пропушти турнирите во Шенжен, Шенду и Пекинг по „Лејвер Купот“, но ќе биде на линија за најголемиот настан на азиската турнеја на календарот.

Тој исто така триумфираше во Шангај во 2006 и 2007 година, кога градот беше домаќин на еквивалентот на финалниот турнир за сезоната – „ATP Masters Cup“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...