Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер одби да учествува на турнирот во Штутгарт. Оваа одлука беше донесена поради густиот распоред.
– Нема да играм на турнирот во Штутгарт. Ми се чини дека минатата сезона имав премногу тенис на трева. Сметам дека е неопходно да се ограничам на подготовката за настапите во Хале – изјави ветеранот.
Триесет и седумгодишниот Федерер е актуелен победник на турнирот во Штутгарт.
Турнирот во Штутгарт ќе се игра од 10 – 16 јуни, а потоа следува обој во Хале од 17 – 23 јуни.
ФОТО: EPA-EFE /JASON SZENES