Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи Стефанос Циципас од Грција, попладнево во финалето на турнирот во Дубаи со 2-0. За Федерер ова беше јубилеен 100-ти трофеј од АТП турнирите и осми во Дубаи..
Двата сета Швајцарецот ги доби со по 6:4.
Мечот траеше еден час и девет минути.
Наградниот фонд на престижниот турнир во Обединетите Арапски Емирати изнесуваше 2,7 милиони долари.
ФОТО: EPA-EFE /JASON SZENES