ФБИ на аеродромот во Њујорк привело пратеничка во Думата

202

Пратеничката во руската Дума, Инга Јумашева, била приведен на аеродром во Њујорк заради сослушување, соопшти амбасадорот на Русија во САД.

Таа била приведена од службеници на ФБИ по што руската Амбасада испрати протестно писмо до Стејт департментот.

Руските медиуми јавуваат дека Јумашева отпатувала во САД за да учествува на форумот „Дијалог Форт Рос“ кој се одржува денеска и оти припадник на ФБИ ја сослушувал еден час.

Според руската дипломатска мисија, на Јумашева и биле поставувани „целосно нејасни, неразбирливи и неприфатливи прашања“.

Претходно дел од руската делегација, која требаше да присуствува на Генералното собрание на ОН, не доби американски визи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...