ФА ја зголеми минималната казна за расистички навреди на шест натпревари

41

Англиската фудбалска асоцијација ја зголеми задолжителната минимална забрана за сторители, кои се прогласени за виновни за дискриминаторско однесување од пет на шест натпревари пред почетокот на сезоната 2019-2020 година.

Мерката доаѓа по годишниот извештај на британската единица за антидискриминација „Кик ит аут“, кој покажа зголемување од 43отсто на навреди на расна основа во англискиот фудбал во текот на изминатата кампања. Минатата недела, Челзи воведе доживотна забрана на нивен поддржувач поради расистички навреди упатени кон крилниот напаѓач Рахим Стерлинг за време на натпреварот во Премиер лигата против Манчестер Сити. ФИФА ја удвои минималната забрана за расизам на десет натпревари минатиот месец.

Казната од шест натпревари на ФА може да се зголеми „во зависност од дополнителни отежнувачки фактори“, како и во дискусиите со различни сопственици за тоа како најдобро да се справи со дискриминацијата на и надвор од теренот.

– Како дел од ова, ФА ја разгледува минималната казна за докажан расизам за време на натпреварите, барајќи позитивно и ефикасно решение за проблемот – се вели во соопштението на ФА.

Фудбалската асоцијација исто така откри дека ги овластила главните судии да им покажат на менаџерите и луѓето во тренерскиот штаб жолти и црвени картони, што се соодветно предупредување и бракање. Секој член на техничкиот персонал кој ќе добие четири жолти картони во текот на сезоната, автоматски ќе добие казна од еден меч, додека за осум, казната ќе биде два меча. Лицето кое ќе добие 16 жолти картони во сезона ќе биде обвинето за неприфатливо однесување и ќе се соочи со Независна регулаторна комисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...